Историјат

ЈП Камена Река од Македонска Каменица е формирано од страна на Советот на Општина Македонска Каменица во 2001 година, заради вршење на дејности од комуналната област кои се од јавен интерес, а се сметаат за незаменлив услов во животот и работата на граѓаните, правните лица како и државните органи на територијата на Општина М.Каменица . Основна дејност е собирање, обработка и снабдување со вода . ЈП Камена Река од Македонска Каменица функционира на територијата на општина Македонска Каменицаи во околните села кои гравитираат кон Општината и се дел од истата.

Работните активности, кои ги опфаќа претпријатието се сублимираат во:

  •  Собирање, обработка и снабдување со вода
  •  Отстранување на отпадни води
  •  Управување со комунален и друг вид на неопасен отпад, односно собирање, селектирање, складирање, транспортирање и депонирање на отпад;
  •  Одржување на јавни зелени површини и јавна чистота, чистење на зелени површини, засадување на цвеќе и дрвја во парковите и нивно кастрење, наводнување и размножување на посадочен материјал;
  •  Одржување на меѓугробниот простор, давање на право на употреба на гробни места во лична службеност и нивна нумерација и услуги за покојните,
  •  Одржување на пазар на мало Организација Организацијата на претпријатието се дели на раководни тела и вработени. Органи на претпријатието:
  •  Управен одбор – составен од 5 членови
  •  Надзорен одбор – составен од 5 члена
  •  Директор ЈП Камена Река од Македонска Каменица има вкупно 33 вработени распределени во два сектори и тоа:
  1. ОПШТ СЕКТОР
  2. ТЕХНИЧКИ СЕКТОР
  3. Група за техничко одржувањена објекти, водовод и на канализација
  4. Механизација
  5. Изнесување на смет, одржување на јавни површини паркови и зеленило
  6. Работна единица : Одржување на гробишта

Comments are closed