СООПШТЕНИЕ

Ј.П ,,Камена Река” од Македонска Каменица како и секоја година и оваа организира НАГРАДНА ИГРА за сите свои корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса, поточно во наградната игра учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2017 година и тоа најдоцна до 31.01.2018 година.

Прва награда…………………. ТЕЛЕВИЗОР
Втора награда……………….. ПРАВОСМУКАЛКА
Трета награда………………… ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА

Доделувањето на наградите ќе се изврши на 15.02.2018 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот со влечење на ливче со шифра. Шифрите ке бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка. Затоа ги покануваме сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2017, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето и заеднички да ја споделиме среќата со среќните добитници.

Comments are closed