ЧЕКОР ДО ПОЧИСТА ОКОЛИНА
Се известуваат сите корисници на комунални услуги дека од 01.02.2018 година ЈП ,,Камена река” од Македонска Каменица ќе започне со собирање и депонирање на електричен отпад (големи домашни апарати, мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија, монитори, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ апарати, опрема за осветлување, флуоресцентни, компактни и други сијалици, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати, инструменти за следење и контрола и автомати.). За собирањето и депонирање на овој вид на отпад беа набавени и поставени една металана корпа за електричен отпад во О.У,,Кирил и Методиј”, една метална корпа за електричен отпад во СОУ ,,М.Ј.Џингар” , една метална корпа за електричен отпад и една туба за отпадни батери во општина Македонска Каменица и една еколошка станица во кругот на Ј.П. ,,Камена река” каде граѓаните можат да го донесат и остават својот електричен отпад.
Лице за контакт Љупчо Цеков тел 078/416-538
Ви благодарам на разбирањето !
Со почит,
Ј.П. ,,Камена Река”