Соопштение за нагрдана игра

ПРАВИЛА

За наградна игра

“ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“

ОРГАНИЗАТОР

ЕЛКОЛЕКТ ДОО увоз извоз од Скопје, Друштво за управување со отпад, во соработка со ЈП Камена река М.Камена и  општина М.Каменица е организатор на наградната игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“

ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Времетраењето на наградната игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ е во периодот 10.04.2018 година – 30.05.2018 година на територијата на општина Македонска Каменица.

Извлекувањето на добитниците ќе биде на 31.05.2018 година во просториите на ЈП Камена река М.Каменица со почеток во 10 часот

Право на учество во оваа наградна игра има секое полнолетно лице кое за времетраењето на наградната игра ќе достави електричен и/или електронски отпад на однапред одредените локации и временски рокови.

Со доставувањето на ваков тип на отпад , лицето добива купон, на кој има реден број и печат на Организаторот. Истиот ќе се состои од два еднобразни примерока, при што едниот останува кај лицето кое донело отпад, а другиот кај организаторот, во запечатена кутија, која се чува кај одговорното лице – ЈП Камена река М.Каменица, се до денот на извлекувањето на среќните добитници.

Постои можност за добивање на два купона , за доставен еден поголен електричен и /или елктронски отпад.

Бројот на купоните кое лицето ќе ги добие, зависи од категоријата на електричен или електронски апарат кој ќе го достави. Имено:

ДВА КУПОНА носат:

Категорија 1 ( големи домашни апарати )
Категорија 3 ( опрема за информатичка технологија  и телекомуникации )
Категорија 4 ( опрема за широка потрошувачка и забавна електроника ) и
категорија 6 ( електричен и електронски алат )

ЕДЕН КУПОН носат:

Категорија 2 ( мали домашни апарати )
Категорија 7 ( електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт)
Категорија 9 ( инструменти за следење и контрола )
Категорија 5 ( опрема за осветлување ) и
Категорија 5.1 ( 5 парчиња сијалици: флуоросцентни, натриумови, халогени и тн.)

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Цел на наградната игра е подигнување на јавната свест кај граѓаните, воспоставување на функционален систем за постапување со опасен отпад, при што се намалува штетното влијание од истиот врз животната средина, еколошките ризици, како човечкото здравје.

Истата се организира за да се наградат граѓаните на општината кои ќе достават електричен и електронски отпад на соодветна локација, каде што се наоѓа ЕКО Магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје во ЈП Камена река М.Каменица .

НАГРАДЕН ФОНД

Опис количина
Правосмукалка 1
Миксер 1
Блендер 1
Пегла 1
Електрична ударна Дупчалка ED-E 1
Електрична аголна Брусилка AG 1
HP принтер Laser Jet Pro M12a 1
Вкупно 7

УСЛОВИ ЗА  УЧЕСТВО НА НАГРАДНАТА ИГРА

Во наградната игра имаат право, да учествуваат лица кои го имаат купонот на кој има реден број и истиот соодвествува со вториот примерок кој го има организаторот и истиот е добиен со достава на горенаведениот отпад.

Право на учество НЕМААТ вработените на организаторот, како и нивните потесни семејства.

ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Избирањето на добитниците ќе се одржи на ден 31.05.2018 година во просториите на ЈП Камена река М.Каменица со почеток во 10 часот, преку рачно извлекување, а во присутсво на трочлено жири (1 член на организаторот и 1 член на општината и 1 член на ЈП Камен река М.Каменица).

Во текот на извлекувањето ќе бидат извлечени 7(седум) редовни добитници на награди.

ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 3(три) работни дена на веб страната на организаторот www.elkolekt.mk, веб страната на ЈП Камена река М.Каменица и на општина М.Каменица.

Наградите можат да се подигнат од денот на извлекувањето па најдоцна до 30.06.2018 година,по истекот на овој рок организаторот нема никаква одговорност.

 

Comments are closed