И З В Е С Т У В А Њ Е

И З В Е С Т У В А Њ Е

На ден 31.05.2018 година (четврток) со почеток во 10 часот во просториите на ЈП Камена река М.Каменица ќе бидат извлечени добитниците за наградна игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ под организација на ЕЛКОЛЕКТ ДОО увоз извоз од Скопје, Друштво за управување со отпад.

Избирањето на добитниците ќе се одржи преку рачно извлекување, а во присутсво на трочлено жири (1 член на организаторот и 1 член на општината и 1 член на ЈП Камен река М.Каменица).

Во текот на извлекувањето ќе бидат извлечени 7(седум)  добитници на награди.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 3(три) работни дена на веб страната на организаторот www.elkolekt.mk, веб страната на ЈП Камена река М.Каменица и на општина М.Каменица.

Наградите можат да се подигнат од денот на извлекувањето па најдоцна до 30.06.2018 година,по истекот на овој рок организаторот нема никаква одговорност.

Наградната игра сеуште трае, учествувајте и очекувајте една од наградите подготвени за вас.

Kamena Reka