Оглас

 Директорот на ЈП „Камена река М.Каменица објавува:

Јавен оглас бр.1/2019

За вработување на 3(тројца) даватели на јавни услуги  на неопределено време за следните работни места:

 

  1. КДР 03 05 В02 001 – Општ комунален работник – 2(два) извршители
  2. КДР 03 05 Б04 041 – Градинар- 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на РМ
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Со правосилна судска одлука да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови:

1.за работно место под број 1 – завршено основно образование

2.за работно место под број 2 – ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование завршено средно образование

Распоред на работно време:

  • Вид на вработување: неопределено време
  • Работни денови: понеделник- петок
  • Работни часови неделно: 40 часа
  • Работно време: 07:00 до 15:00 часот

–    Паричен износ на основна плата:

1.за работно место под број 1 – 12.127,00 денари

2.за работно место под број 2 – 12.969,00 денари

 

Напомена: Со кандидатите се спроведува интервју.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена и започнува да тече со денот на објавувањето.Изборот ќе се изврши во рок од 10 (десет) дена.Образецот на пријавата за вработување се подига од Архивата на ЈП Камена река М.Каменица.Пријавата со потребните документи да се достават до ЈП Камена река М.Каменица ул.„Рударска “ бр.7 во Македонска Каменица.

 

ЈП Камена река М.Каменица

Comments are closed