Промотивни активности на млади еко-активисти
Во пресрет на утрешната еко-акција „Пролетно чистење“ во општина Македонска Каменица, млади екоактивисти и ученици при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ на своите сограѓани им делеа флаери со промотивен материјал. Еко-акцијата е организирана во соработка со ЈП Камена Река и бројни граѓански здруженија, спортски клубови, пензионери, вработените во јавна администрација и останати граѓани. Со ова ЈП Камена Река продолжува со започнатата акција на Пролетно чистење на градот. Акцијата започнува во 09:00 часот, од пред просториите ЈП Камена Река во Македонска Каменица.
Прошетката на Еко-патролата од млади еко-активисти, покрај можноста да ги поканат своите сограѓани да земат активно учество во утрешната еко-акција, ја искористија да укажат на важноста од чувањето на природата, чистата животна средина и потребата похуман пристап на сите нас кон природата и убавините на неа.