ЈП Камена Река гради фекална канализација на улица „Новопроектирана“ во Стара Каменица
Во насока на подобрување на условите за живот на жителите од приградските населби во општина Македонска Каменица, од страна на ЈП „Камена Река“ се спроведуваат финални градежни активности за изградба на нова фекална канализација на улица „Новопроектирана“ во Стара Каменица. Изградената 380 метри долга фекална канализациона мрежа е од огромно значење за жителите од овој дел на Македонска Каменица. Во следниот период, на овој дел од Општината ќе започне изградба на нова водоводна мрежа, за која во подготовка е потребната проектна документација.