Реализирана екоакцијата „Пролетно чистење“ во Македонска Каменица

Реализирана екоакцијата „Пролетно чистење“ во Македонска Каменица

Вработените во ЈП Камена Река и останати граѓани од Македонска Каменица успешно ја спроведоа акцијата „Пролетно чистење“ која во текот на денот се одвиваше на повеќе локации во градот.

Успешно беше спроведена денешната екоакција во која, покрај вработените од ЈП Камена Река, активно се вклучија вработени од останатите институции и установи во Општината, членови на еколошки друштва, граѓански здруженија, пензионери и спортисти.
Акцијата е продолжување на започнатата акција на иницијатива на општина Македонска Каменица во соработка и организација на ЈП Камена Река.
Денес, акцијата се одвиваше на повеќе локации при влезовите во градот кон Делчево и Кочани, потоа Каменички Рид, а се чистеше и на м.в Репетитор.
ЈП Камена Река и во наредниот период според Програмата за чиста животна средина во 2019 година има предвидено редица вакви и слични екоакции.
Им благодариме на сите учесници во денешната акција.

Фотогалерија од екоакција „Пролетно чистење“

 

G BR