Пролетно чистење на одводните канали во Македонска Каменица

Пролетно чистење на одводните канали во Македонска Каменица

ЈП Камена Река во рамки на започнатата акција “Пролетно чистење” во два наврати изврши прочистување на одводните канали, кои се дел од отворената атмосферска мрежа во градското подрачје од општина Македонска Каменица. Целосно е прочистен делот од детската градинка “Бамби” до кеј на Каменичка Река.

Како Јавно претпријатие задолжено за чистата животна средина во општина Макдонска Каменица, јавно апелираме до несовесните граѓани да престанат каналите да ги користат за фрлање на отпад и шут, со што ќе се зголеми функционалноста на истите, а од друга страна намали опсаноста од излевање во случај на зголемен доток на атмосферска вода.

ЈП Камена Река во изминатиот период спроведе повеќе екоакции на територијата на општина Македонска Каменица. Од страна на вработените во претпријатието во соработка со општина Македонска Каменица и останатите образовни установи, по повод Денот на пролетта беше спроведено засадување на 200 садници. Екоакцијата продолжи со организирано чистење на двата излеза од Македонска Каменица. На акцијата и се приклучија неколку граѓански организции, вработени во јавниот сектор, пензионери и спортисти.

Акцијата ќе продолжи и во текот на наредниот период, до целосно чистење на градот и селските средини од дивите депонии, како и јавните површини во општина Македонска Каменица.

Kamena Reka