ЈП Камена Река продолжува со чистењето на дивите депонии во Македонска Каменица

ЈП Камена Река продолжува со чистењето на дивите депонии во Македонска Каменица

Покрај пролетното засадување на декоративни листопадни и зимзелени садници во централното градско подрачје на Македонска Каменица, ЈП Камена Река продолжува со веќе започнатата екоакција “Пролетно чистење”. Во рамки на истата, се чистат помалите диви депонии и јавни површни во делот на приградските и селски средини од територијата на општина Македонска Каменица.

Денес вработените во ЈП Камена Река задолжени за јавна чистота, ги чистеа помалите диви депонии и одводните канали од отворената атмосферската канализација на излезот од Македонска Каменица кон село Саса.

ЈП Камена Река во склад со Програмата за работа на претпријатието за 2019 година и предвидените активности за чиста и здава животна средина, ќе продолжи со уништувањето на постоечките и спречи создавање на нови диви депонии. Исто така ќе се обиде преку едукативни екоакции да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, за истите отпадот и градежниот шут да го складираат на начин и места одредени за таква намена.

Kamena Reka