ЈП „Камена Река“ ја обновува оштетената урбана опрема во Македонска Каменица
ЈП Камена Река покрај успешното спроведување на екоакцијата „Пролетно чистење“ и акцијата за пролетно разубавување на градот со засадување на декоративни зимзелени и листопадни садници, започна и со реновирање на дотраената и оштетена урбана опрема во градското подрачје на Македонска Каменица. Дел од оштетените клупи и канти за отпадоци во централното градско подрачје и кејот на Каменичка Река се обновуваат, додека на одредени места според потребите се поставуваат нови клупи и друга додатна урбана опрема.
Започнатите акции за пролетно разубавување на градот ќе продолжат и во наредниот период. Во тек се подготовките за засадување на декоративни цвеќиња на јавните површини во цнетарот на градот и градскиот плоштад, кое наскоро ќе започне во зависност од временските услови.