ЈП „Камена Река“ со 20.000 цвеќиња од сопствено производство ќе го разубавува градот

ЈП „Камена Река“ со 20.000 цвеќиња од сопствено производство ќе го разубавува градот

Во рамки на спроведените акции за „Пролетно чистење“ на градот, ЈП „Камена Река“ активно работи на производство на декоративни цвеќиња од повеќе видови. Во завршна фаза е производството на 20 000 цвеќиња кои во следниот период ќе бидат засадени на повеќе јавни површини од централното градско подрачје во Македонска Каменица.

Со ова ЈП „Камена Река“ продолжува со интензивните активности поврзани со чистењето на јавните површини во градот и дивите депонии во градските и селските средини од општината.

Kamena Reka