Започна инсталирањето на системот „Капка по капка“ за наводнување на зелените површини во Македонска Каменица

Започна инсталирањето на системот „Капка по капка“ за наводнување на зелените површини во Македонска Каменица

ЈП Камена Река започна со наводнување на зеленилото од парковите и јавните површини во градот преку системот „капка по капка“. Во наредниот период, по завршувањето на овој проект новонасадените декоративни зимзелени и листопадни дрвја, цвеќиња и украсна „жива ограда“ ќе се наводнуваат на многу поефикасен и поекономичен начин.

Со ова, ЈП Камена Река – Македонска Каменица со сопственото производство на над 20.000 цвеќиња од кои најголем дел ќе бидат засадени во централното градско подрачје, покажува дека активно работи и на зголемување на ефикасноста во однос на одржувањето на јавните зелени површини во градот.

 

 

G BR