Уредување на јавни површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица

Уредување на јавни површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица

Во рамки на екоакцијата „Пролетно чистење“, ЈП Камена Река продолжи со уредување на повеќе јавни простори и тревни површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Во соработка со општина Македонска Каменица, вчера започна уредувањето на зелените површини позади Дом на култура. Со ова, наместо досегашните остатоци од урнатите монтажни времени објекти, Македонска Каменица ќе добие уреден парк со поставена урбана опрема.

Kamena Reka