Финални подготовки за утрешното одбележување на патрониот празник на СОУ “Миле Јаневски Џингар”
По повод утрешното одбележување на патрониот празник на средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар”, Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица, активно е вклучено во потребните подготовки за преуредување на централното градско подрачје на Македонска Каменица.
Доуредувањето на јавните зелени површини и “Паркот на борците”, обновување на канделабрите и останатата урбана опрема, засадување на декоративни цвеќиња и зимзелени украсни дрвја, чистење на улиците и тротоарите, се дел од активностите кои ЈП Камена Река деновиве интензивно ги спроведува и во рамки на екоакцијата “Пролетно чистење на градот”.