ЈП Камена Река се вклучи во одбележувањето на патрониот празник на гимназијата „Миле Јаневски Џингар“

ЈП Камена Река се вклучи во одбележувањето на патрониот празник на гимназијата „Миле Јаневски Џингар“

Во одбележувањето на патрониот празник на гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјата во градот се вклучи и ЈП Камена Река. Исто така, во рамки на традиционалниот меморијален фудбалски турнир вработените во јавното претпријатие учествуваа со своја екипа.

Миле Јаневски Џингар беше припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“, а загина во војната од 2001 година, во заседа кај Вејце. Средното општинско училиште во Македонска Каменица го носи неговото име.

G BR