Реализирана екоакција на ЈП Камена Река во која учествуваа сите вработени во претпријатието

Реализирана екоакција на ЈП Камена Река во која учествуваа сите вработени во претпријатието

ЈП Камена Река денес реализираше акција во која се чистеше и уредуваше градскиот плоштад и просторот околу црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

Во акцијата беа вклучени сите вработени во комуналното претпријатие. Ова е една од акциите кои ЈП Камена Река во континуитет ги спроведува во рамки на започнатата екоакција “Пролетно чистење”, со која е предвидено чистење и уредување на сите јавни површини на целата територија на општина Македонска Каменица.

Ваквите и слични екоакции од страна на ЈП Камена Река на територијата на општина Македонска Каменица ќе  продолжат и во наредниот период.

Kamena Reka