Поставување на нова урбана опрема во Македонска Каменица

Поставување на нова урбана опрема во Македонска Каменица

Во рамки на Програмата за работа и планираните работни активности, ЈП Камена Река покрај поставувањето на урбана опрема во централното градско подрачје, денес започна со поставување на истата и во останатите делови на Македонска Каменица.

Клупи и останата урбана опрема добија жителите на улица Каменичка. На места покрај регионалниот пат (Луковички рид) и места предвидени за одмор и рекреација (Репетитор) се поставени клупи и корпи за отпадоци.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период со поставување на урбана опрема и во останатите приградски населби и селски средини во општина Македонска Каменица.

G BR