Победниците на Конкурсот за идејно решение „Парк на млади“ ги добија наградите од ЈП Камена Река

Победниците на Конкурсот за идејно решение „Парк на млади“ ги добија наградите од ЈП Камена Река

31.05.2019 година ЈП Камена Река – Македонска Каменица

Денес, во просториите на ЈП Камена Река беа доделени благодарници за наградените учесници на наградниот конкурс за идејно решение со кое ќе се уреди Паркот на млади во Македонска Каменица. Од страна на ЈП Камена Река како спроведувач на конкурсот беа повикани сите млади во општина Македонска Каменица да дадат свои идеи и размислувања за уредувањето на паркот кој треба покрај функцијата на забавен и урбан парк, да овозможи непречено движење на пешаците, да се постави урбана опрема со која ќе се задоволат сите потреби за одмор, забава и рекреација.

 

Предлозите за уредување на паркот ги оценуваше жири комисија формирана од страна на ЈП Камена река М.Каменица составена од 5 члена (претставници на ЈП Камена река и претставници на општина Македонска Каменица) и дополнително беше спроведена јавна и транспарентна фејсбук анкета, каде што сите корисници на оваа популарна социјална мрежа имаа можност да го искажат своето мислење и да ја дадат својата поддржка за едно од идејните решанија.

Победници на Наградниот конкур се Денис Садулов и Христина Стојилова. Нивното идејно решение за удерување на овој дел од градот доби најмногу гласови на спроведената фејсбук анкета и беше избран најдобар проект и од комисијата која ги разгледуваше сите проекти поеинечно. Од страна на ЈП Камена Река, покрај вредносните ваучери за првонаградените обезбедени симболични награди и благодарници за сите пријавени учесници на конкурсот.

 

Благодарниците на наградените учесници им ги додели градоначалничката на општина Македонска Каменица, која го искористи присуството пред присутните да го изрази своето задоволство, најпрвин од бројот на пријавени предлог идејни решенија, како и од начинот и посветеноста со која сите беа изработени. Исто така, ја искористи приликата да им посака уште поголеми успеси на професионален план, како и да им порача дека општина Македонска Каменица е отворена за соработка и во иднина. Дека ентузијазмот и енргичноста на младите е нешто на кое Македонска Каменица се надева и очекува во иднина реализација на уште многу вакви и слични проекти.

 

 

Проектот Парк за млади, веќе е дел од Програмата за работа на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река како иницијатор за изградба на ваков парк во градот. Неговата изградба ќе биде со забрзана динамика, со што на младите ќе им се обезбеди едно урбано катче. Моментално на овој дел од градот се уредува кејот на Каменичка Река, во должина од 125 метри.

По завршувањето на свеченото доделување на Благодарниците во просториите на ЈП Камена Река, победниците на наградниот конкурс заедно со градоначалничката на општина Македонска Каменица, директорот на комуналното претпријатие Влатко Андоновски и претставници од комисијата за утврдување на идејно решение излегоа на терен, каде на лице место беа договорени и утврдени одредени преадаптации на проектот со цел да се обезбеди подобро уредување и искористување на целиот простор од овој дел на градот.

 

G BR