ЈП Камена Река набави „Мулчер“ за одржување на јавните зелени површини

ЈП Камена Река набави „Мулчер“ за одржување на јавните зелени површини

ЈП Камена Река продолжува со обновување и зголемување на механизацијата потребна за навремено и квалитетно сервисирање на услугите кон граѓаните на општина Македонска Каменица. Пред две недели ЈП Камена Река, преку проект на Министерство за финансии и Светска банка за подобрување на работата на општините во руралните средини, во соработка со општина Македонска Каменица доби градежна машина „ровокопач“. Со склучениот Договор за набавка на ситен градежен- алат „мулчер“, значително ќе се подобри и ослени уредувањето на зелените и помалку пристапните јавни површини на целата територија на општина Македонска Каменица.

 

Мулчерот може да се користи на сите комунални површини, зеленило и напуштени подрачја. Со мулчер може да се коси обрасната трева и крупни растителни остатоци. Конструкцијата на мулчерот како машина е многу стабилна и прилагодена за интензивна работа. Со својата конструкција, мулчерот нуди механичка странична смена во стандардната понуда, а во дополнителната понуда, менувањето со вградениот хидрауличен цилиндар. Троши помалку енергија, бара помалку енергија од трактор, има помало оптоварување на лежиштата и компонентите.

ЈП Камена Река оваа машина првенствено ќе ја користи за чистење на вегетацијата околу локалните и пристапни патишта во селските средини, со што зналително ќе се подобри безбедноста и прегледноста при сообраќајот на овој дел од општина Македонска Каменица. Исто така, мулерот ќе биде користен за уредување на јавните зелени површини во централното градско подрачје и уредување на јавните простори во приградските населби на Македонска Каменица, односно уредување на крупната вегетација на потешко пристапни простори.

ЈП Камена Река и општина Македонска Каменица за набавката на градежниот-алат мулчер издвоија 315.000,00 денари со вклучен ДДВ.

Kamena Reka