ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Подготовките за отворање на градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона се во завршна фаза. Како и минатата година, ЈП Камана Река воведе неколку новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен. Во рамки на можностите на претпријатието, оваа година покрај останатите дополнителни елементи, за прв пат е поставен мал детски базен, наменет за најмалите посетиели. Детскиот базен е изработен од висококвалитетен материјал, со комплет филтри за пречистување и одржување на водата. Поседува и цераден дел за покривање, со што ќе се намали атмосферското влијание врз водата во период кога истиот не се користи. Минатата година, ЈП Камена Река на базенот веќе постави поголем број на лежалки и летни чадори.

Отворањето на летната сезона на градскиот безен во Македонска Каменица, во зависност од временските услови е најавено за во петок, на 21. Јуни.

G BR