Утре започнува летната сезона на градскиот базен во Македонска Каменица

Утре започнува летната сезона на градскиот базен во Македонска Каменица

Започнува со работа градскиот базен во Македонска Каменица

Почнувајќи од утре, каменичани ќе имаат можност да го посетуваат градскиот базен во Македонска Каменица. Базенот ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Влезот на базенот утре е слободен. Во текот на целата летна сезона од 2019 година, влезот ќе биде со симболична цена од 30 денари. Влезница со додатно користење на лежалка и чадор од сонце ќе чини 60 денари.

На градскиот базен од страна на ЈП Камена Река, пред почетокот на минатата летна сезона веќе е инсталирана Wi-Fi интернет станица, поставен е DJ пулт за целодневна забава и релаксација на посетителите, 40 лежалки и 30 чадори за сонце.

Новина за оваа летна сезона е поставениот мини-базен за деца, со вгараден систем за перманентно филтрирање и одржување на водата.

G BR