ЈП Камена Река ги потсетува граѓаните на обврската да го најавуваат секое изнесување на крупен отпад и градежен шут од своите домови и деловни објекти

ЈП Камена Река ги потсетува граѓаните на обврската да го најавуваат секое изнесување на крупен отпад и градежен шут од своите домови и деловни објекти

Одржувањето на  јавната  чистота  е  континуиран  процес кој обезбедува трајно и квалитетно чистење  на  јавните површини на јавните објекти. Во таа насока, ЈП Камена Река ги повикува граѓаните на совесност кон отворените простори околу јавните објекти, дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување, заради обезбедување на здрава и чиста животна средина.

 

Врз основа на претходно упатениот „Повик за одржување на јавна чистота“ и последните забележани нарушувања на чистотата на јавните простори, ги замолуваме граѓаните да го најавуваат секое изнесување на крупен отпад и градежен шут од своите колективни и индивидуални објекти и живеалишта. Исфрлањето на отпад, за негово навремено собирање од страна на комуналните служби, можат да го најават на веќе објавените контакт телефони во претпријатието. Според потребите на граѓаните, во зависност од големината и „габаритноста“ на отпадот, постои можност за доставување на „мобилни контејнери“ до нивните домови и деловни објекти за исфрлање на отпадот, кој потоа ќе биде прописно складиран. Во зависност од составот, отпадот пожелно е да биде складиран и во вреќи за отпад.
Како претпријатие задолжено за одржување на јавната и комунална чистота во градот, апелираме граѓаните да се придржуваат до објавениот „Правилник за јавна чистота“. Во спротивно против несовесните сторители на нарушувањето на чистотата во градот ќе бидат поднесени соодветни санкции и спроведени казнени мерки.

Истовремено, ги известуваме граѓаните за состојбата која покажува дека покрај континуираното одржување е потребно и совесно однесување на сите граѓани, како на децата така и на возрасните. Надлежните општински и комуналните служби од Јавното претпријатие апелираат за секојдневно совесно и одговорно однесување за поздрава, почиста и поубава животна средина. Секое физичко и правно лице е должно да се грижи за одржувањето на јавната чистота во своите деловни објекти, колективни и индивидуални живеалишта. Совесно да се однесува кон јавните површини, поставената урбана опрема и зелените декоративни и цветни површини.

G BR