Започна чистењето на крупната вегетација околу локалните патишта во селските средини

Започна чистењето на крупната вегетација околу локалните патишта во селските средини

Во општина Македонска Каменица започна чистењето на просторот и непристапните површини околу селските патишта обраснати со крупна вегетација

 

ЈП Камена Река започна со употребата на „мулчерот“, набавен за уредување на помалку пристапните зелени површини на територијата на општина Македонска Каменица. По извршениот тест период и користење во градските средини, мулчерот за прв пат, денес беше користен за чистење на вегетацијата околу локалниот пат во село Косевица. Со истите активности продолжуваме и во наредниот период со чистење на локалните асфалтни патишта во сите селски средини.

Со ова, општина Македонска Каменица преку активностите на ЈП Камена Река продолжува активно да работи на подобрувањето на квалитетот на живот во селските средини. Конкретно, со отстранувањето на околупатната крупна вегетација значително се подобрува прегледноста и пред се безбедноста во сообраќајот.

Мулчерот, во иднина ќе се користи на сите комунални површини, зеленило и напуштени подрачја, ќе се уредува обрасната трева и крупни растителни остатоци. ЈП Камена Река и општина Македонска Каменица за набавката на градежниот-алат мулчер издвоија 315.000,00 денари со вклучен ДДВ.

G BR