Интензивно се чистат улиците во градот по силното невреме кое вчера ја зафати Македонска Каменица

Интензивно се чистат улиците во градот по силното невреме кое вчера ја зафати Македонска Каменица

 

Во текот на вчерашниот ден во попладневните и вечерни часови, Македонска Каменица беше зафатена од интензивни врнежи од породен дожд, град и силни електрични атмосферски празнења.

Екипите на ЈП Камена Река, уште во текот на ноќните часови излегоа на терен и со крупна механизација реагираа на повеќе критични места. Кон чистење на атмосфескиот нанос на критичните места беше пристапено веднаш, при што беше спречена можноста за настанување на поголеми штети по имотите на граѓаните.

Чистењето и санацијата на настанатите штети од поројните дождови, продолжува и денес. Уште од раните утрински часови, екипи на ЈП Камена се на терен. Моментално се работи на повеќе места во градот, зафатени од силното невреме кое синоќа беше проследено со силни грмежи, обилни врнежи од дожд и град.

ЈП Камена Река ги повикува граѓаните, во случај на проблеми поврзани со вчерашното невреме, да се јават на следните телефонски броеви кај дежурните одговорни лица во претпријатието: 078/485 108; 078/485 109; 078/485 119

Kamena Reka