ДЕМАНТ од ЈП Камена Река во врска со лажните написи објавени на социјалните мрежи

ДЕМАНТ од ЈП Камена Река во врска со лажните написи објавени на социјалните мрежи

ЈП Камена Река – Македонска Каменица најостро ги деманатира изнесените невистини на официјалниот фејсбук налог на ОК ВМРО ДПМНЕ во Македонска Каменица. Истите написи ги отфла како целосно неточни, неосновани и лажни.

Најодговорно тврдиме дека вработените во ЈП Камена Река во ниту еден случај немаат извршувано работни задачи надвор од пропишаните и нивните законски доделени работни обврски.

Ваквиот начин на информирање на јавноста од страна на опозицијата е тенденциозен,  навредлив и веќе препознаен од граѓаните. Пренесувањето на лажни информации целосно е во спротивност со етиката и почитувањето на личниот интегритет на сите граѓани на општина Македонска Каменица.

Следствено на наведеното, а во врска на ублажување на штетата, очекуваме да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на текстот кои содржат клевета,навреда и го повредуваат угледот, пред се на вработените во ЈП Камена Река, како и истовремено да го тргнете предметниот текст од вашиот фејсбук налог.

Со почит,
ЈП Камена Река
Македонска Каменица

G BR