Чистење на речните корита во општина Македонска Каменица

Чистење на речните корита во општина Македонска Каменица

На територијата на општина Македонска Каменица започна акција за чистење на речните корита. Во овој период од годината тие се обраснати со трева и нискостеблести растенија, при што го попречуваат нормалниот проток на вода во случај на поројни дождови.

Акцијата започна денеска со машинско чистење на речното корито на Каменичка река која со крупна механизација се ослободува од нанесена земја и нискостеблеста вегетација. Покрај чистењето на речното корито од наноси, се врши уредување на истото и заштита од поткопување на кејскиот ѕид. Во наредниот период, според утврдените состојби на останатите речни корите на територија на општина Македонска Каменица од страна на надлежните служби, ЈП Камена Река ќе продолжи со чистење и на останатите речни корита и сливни подрачја.

 

G BR