Прекинато снабдувањето со вода за пиење поради дефект на главната водоводна линија во Македонска Каменица

Прекинато снабдувањето со вода за пиење поради дефект на главната водоводна линија во Македонска Каменица

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради настанат дефект на главна водоводна линија е прекинато снабдувањето со вода до поголемиот дел од домовите во градот. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот.

Повеќе информации за времетраењето на прекинот во снабдувањето со вода граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат во текот на денот.

Kamena Reka