АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ

ЈП Камена Река уште еднаш апелира до граѓаните на Македонска Каменица, корисници на водоводната мрежа за реционално користење на водата од системот.

Во моментов, по настанатиот дефект на главната водоводна линија, состојбата со нивото на водата во резервоарите е на завидно ниво. Сепак, ЈП Камена Река апелира до граѓаните да внимаваат со потрошувачката на водата за пиење, со што ќе се избегне недостиг на вода, особено кај домаќинствата во повисоките делови од градот и горните катови од стамбените живеалишта.

ЈП Камена Река постојано ја следи состојбата со приливот и снабдувањето со вода од постоечките извори, состојбата во резервоарите и дотекот на вода кон крајните корисници.

 

G BR