ИЗВЕСТУВАЊЕ: Започнува сезонското чистење на оџаците од колективните станбени згради

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Започнува сезонското чистење на оџаците од колективните станбени згради

ЈП „Камена река“ ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека ќе започне со чистење на оџаците по колективните станбени згради почнувајќи од понеделник 30.09.2019 година.

Истовремено ги замолуваме станарите, за време на чистењето на оџаците да не ги палат печките за греење.

Корисниците на услугата (чистење на оџаците) се должни да му платат надоместок на давателот на услугата – ЈП „Камена река“ Македонска Каменица.

Надоместокот за чистење на оџаците ќе биде наплатен на сметката за комунални услуги.

Корисниците на услугата (чистење на оџаците)ќе бидат известени ден пред да биде извршено чистењето, по претходно утврден распоред.

Обврска на станарите на колективните станбени згради е да ги исчистат чистачите на оџаците, во спротивно ЈП Камена река М.Каменица нема да сноси никаква одговорност.

Одговорно лице Митко Анастасовски 078 304 838

 

 

ЈП „Камена река“

Македонска Каменица

Kamena Reka