Нови 20.000 садници од сопствено производство за есенско разубавување на Македонска Каменица
ЈП „Камена Река“ во рамки на веќе спроведените екоакции за „Чист и убав град“ активно работи на производство на сезонски декоративни цвеќиња од повеќе видови. Во завршна фаза е производството на 20 000 есенски и зимски цвеќиња кои во следниот период ќе бидат засадени на повеќе јавни површини од централното градско подрачје во Македонска Каменица.
Со ова ЈП „Камена Река“ продолжува со интензивните активности поврзани со чистењето на јавните површини во градот и дивите депонии во градските и селските средини од општината.