Исчистен просторот околу влезовите во градот. Апелираме до граѓаните за повисока еколошка свест
Просторот на едниот излез од Македонска Каменица, кој во изминатиот период беше опфатен со неколку еко акции спроведени од страна на вработените во општина Македонска Каменица, институциите во градот, граѓаниски организации, спортски клубови и здруженија на граѓани, во соработка и логистичка поддршка од ЈП Камена Река, повторно е целиот во шут и отпадоци од несовесни граѓани и минувачи.
Иако просторот го опремивме со контејнер за отпадоци, натписи кои укажуваат дека е забрането фрлање на отпад, тоа не влијае во голема мера кај граѓаните со ниска еколошка совест. Како што можете да видите и на приложените фотографии во текстот, контејнерот е празен, а за жал отпадоците се насекаде наоколу.
Сепак, ние како ЈП Камена Река ќе продолжиме со одржување на чистотата на сите јавни површини во општината, укажувајќи на потребата дека сите заедно треба да се грижиме за околината и заедничката сопственост. Ваквите дополнителни и непредвидени интервенции одат на штета на сите и претставуваат дополнително оптеретување на буџетот на Општината.
Прочитај повеќе: Украдени вчера поставените клупи со поглед кон Калиманско Езеро во Македонска Каменица
а