Производство на органско ѓубриво во доволни количини за потребите на ЈП Камена Река

Производство на органско ѓубриво во доволни количини за потребите на ЈП Камена Река

ЈП Камена Река продолжува со активно собирање на листопадните лисја од јавните повшини. Покрај подобрената чистота во градот, со тоа се обезбедува производство на доволни количини од органско ѓубре за потребите на претпријатието. За таа цел, наместо на градската депонија, околу 180 метри кубни суров материјал ќе бидат складирани и комостирани во специјално прилагодени простори.

Компостот првенствено ќе биде употребуван во цветниот расадник на Јавното претпријатие, каде годишно се произведуваат над 20.000 разновидни декоративни и украсни цвеќиња со кои дополнително се разубавуваат јавните површини во Македонска Каменица.

Kamena Reka