Центар за јавно здравје: Граѓаните на Македонска Каменица имаат чиста и здрава вода за пиење

Центар за јавно здравје: Граѓаните на Македонска Каменица имаат чиста и здрава вода за пиење

 

 

 

Врз основа на јавно поставеното прашање од страна на дпмне и врз основа на свежите сеќавања на граѓаните од општина Македонска Каменица, сакам да Ви се обратам јавно и со вистина.

Најправин САКАМ ДА НАГЛАСАМ, ДЕКА ВОДАТА во градскиот водоводен систем е чиста и здрава за пиење, тоа го покажуваат и последните анализи направени од страна на центарот за јавно здравје!

Почитувани,

помина времето кога на граѓаните ненавремено им се испорачуваше неквалитетна вода за пиење и при најмалите суши и намалени дотоци на вода!

Господа од ДПМНЕ, изгледа дека сеќавањата ви се кратки па дозволете да Ве потсетам за криминалниот чин на поранешниот градоначалник и директор, кога при намален водотек, во градскиот водовод директно ја насочија водата од Каменичка Река. Иако, заедно со граѓаните ги баравме резултатите од испитувањата за квалитетот на водата за пиење, тие никогаш не ги објавија! Единствено се грижеа за тоа кој направил снимка од местото каде Каменичка Река е приклучена на водоводниот систем.

Ние денес резултатите од водата за пиење, не ги криеме!
Јавно и редовно ги објавуваме и за секоја промена известуваме!

Ве известувам, дека редовно се вршат испитувања на водата за пиење и во јавните селски водоводи. Таму за волја на вистината, квалитетот на водата за пиење со години е сокриван. Со години резултатите од селските водоводи завршувалие во нечија фиока, со што дел од граѓаните во селските средини денес имаат лажна слика за квалитетот на нивната вода за пиење.
ЈАВНО ВЕ ПРАШУВАМ: зошто и со која цел господа од ДПМНЕ не сте ги давале на увид самите резултати, дали со неприкажувањето на самите резултати сте бегале од одговорност!?

За разлика од вас денес резултатие од самите анализи директно ги даваме на самите корисници, и е започната постапка за решавање на овој проблем. Општина Македонска Каменица започна реализација на проект со кој јавните селски водоводи добиваат автоматски хлоринатори. Веќе се изградени 6 од предвидените 10, со кои ќе им обезбедиме чиста и здрава вода за пиење и на овие наши сограѓани.

Ве замолувам, во име на граѓаните на општина Македонска Каменица, во идинина да се воздржите и да не се служите со вакви ниски методи. Сепак, станува збор за здравјето на сите нас! Не создавајте непотребна паника кај граѓаните за ваши ситни политички поени!

Здравјето на граѓаните е наша програмска определба и ветување до граѓаните кое ќе продолжиме да го исполнуваме и преку градење на нови водоводни системи во неколку селски средини.

На крај, ако Вие толку многу се грижевте за здравјето на граѓаните, немаше со години да ги лажете дека пијат здрава и чиста вода, бидејќи во спротивно ќе требаше да преземете обврска истата да им ја обезбедите! Денес, немате право да обвинувате, бидејќи, Вие тоа не го сторивте.

Вистината е друга и граѓаните на Македонска Каменица заслужуваат да ја знаат!
Уште еднаш: Денес граѓаните корисници на градскиот водоводен систем во Македонска Каменица имаат чиста и здрава вода за пиење!

 

Ви благодарам!
Влатко Андоновски
ЈП „Камена Река“ – Македонска Каменица

Kamena Reka