Јавен оглас бр.1/2020

Јавен оглас бр.1/2020

Директорот на ЈП „Камена река М.Каменица објавува:

Јавен оглас бр.1/2020

За вработување на 4(четири) даватели на јавни услуги

на неопределено време за следното работно место

 

КДР 03 05 В02 001 – Општ комунален работник – 4(четири) извршители

Општи услови:

–               Да е државјанин на Република Северна Македонија;

–               Активно да го користи македонскиот јазик;

–               Да е полнолетен;

–               Да има општа здравствена способност за работното место и

–               Со правосилна судска одлука да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови за работното место – завршено основно образование

Распоред на работно време:

–               Вид на вработување: неопределено време

–               Работни денови: понеделник- петок

–               Работни часови неделно: 40 часа

–               Работно време: 07:00 до 15:00 часот

–              Паричен износ на основна плата: 14.500,00 денари

 

Напомена: Со кандидатите се спроведува интервју.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат. Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена и започнува да тече со денот на објавувањето. Образецот на пријавата за вработување се подига од aрхивата на ЈП Камена река М.Каменица. Пријавата со потребните документи да се достават до ЈП Камена река М.Каменица ул.„Рударска “ бр.7 во Македонска Каменица.

ЈП Камена река М.Каменица

Kamena Reka