Се спроведува засилена акција за чистење на отпадоци од јавните и зелени површини во Македонска Каменица
Во насока на подобрување на јавната чистота и здрава околина, ЈП „Камена Река“ паралелно со активностите за заштита од коронавирусот спроведува акција за чистење на јавните и зелени површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Со грижата за околината се грижиме и за самите себе.
За таа цел апелираме до граѓаните да не фрлаат отпадоци на јавните и зелени површини!
Да ја зачуваме средината чиста и со одговорно однесување и свест да пристапиме кон предизвиците пред нас!
Од нас зависи!