Утре започнува третата акција за дезинфекција на влезовите и заедничките простории во станбените живеалишта

Утре започнува третата акција за дезинфекција на влезовите и заедничките простории во станбените живеалишта

ЈП „Камена Река“ покрај вонредните дезинфекции на сите градски улици и јавни површини од утре ќе започне трета по ред дезинфекција на влезовите и заедничките простори во колективните живеалишта. Од утре, повторно целосно ќе бидат дезинфицирани сите станбени згради, просторите и приодите кон маркетите, банки, пошта и јавни установи. Покрај овие активности ЈП „Камена Река“ продолжува со миењето и дезинфицирање на сите градски улици, поради што повторно апелираме до граѓаните да ги отстранат своите возила.

Исто така, ЈП „Камена Река“ ги известува граѓаните кои живеат во индивидувални живеалишта дека продолжува делењето на дезинфекционо средство кое можат секој работен ден да го подигнат од кругот на претпријатието.

Според препораките и мерките донесени на состанок на Општински Кризен штаб на Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“ активно е вклучено во изработката на пунктови за дезинфекција на возилата при влез во Македонска Каменица.

Kamena Reka