Оштетување врз дел од скоро поставените корпи за отпадоци

Оштетување врз дел од скоро поставените корпи за отпадоци

 

Скоро поставената урбана опрема од страна на ЈП „Камена Река“ е уништена од несовесни граѓани. Направените оштетувања врз дел од поставените корпи за отпадоци во приградските делови на Македонска Каменица се веќе санирани и истите веќе се вратени на место.

Апелираме до граѓаните, да се воздржат од дејствија со кои ја оштетуваат поставената урбана опрема. Со тоа нанесуваат дополнителен трошок на сите граѓани и создаваат негативни имплилкации врз буџетот на претпријатието и општината.

Ваквата појава можеме да ја окарактеризираме како честа, бидејќи во изминатиот период покрај уништените млади садници и цвеќиња, при поставувањето на попатни клупи во билзина на Калиманско Езеро, истите исцезнаа по само неколку часа.

Kamena Reka