Чистење на захватите на вода од водоводната мрежа во Македонска Каменица

Чистење на захватите на вода од водоводната мрежа во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во рамките на своите овластувања и планирани програмски активности константно работи на одржување на системите за вода, со цел сите граѓани во општината постојано да имаат чиста вода за пиење.

ЈП Камена Река како изведувач на активностите во изминативе денови интензивно работеше на санација на захват за вода “Китка”. Извршено е комплетно чистење од наноси низводно и на самиот захват како и комплетна замена на филтерскиот слој. Со што во иднина граѓаните кои се опслужуваат со вода за пиење од овој захват ќе добијат почиста и поквалитетна вода за пиење.

Kamena Reka