Еко акција за чистење и уредување на повеќе јавни урбани простори во Македонска Каменица
ЈП Камена Река продолжува со спроведување на редовни еко акции за чистење на јавните површини во општина Македонска Каменица. Утрово, вработените во претпријатието уредуваа и чистеа повеќе простори во централното урбано подрачје во Македонска Каменица.
Како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена во општина Македонска Каменица, најаваат спроведување на повеќе редовни еко акции и на останатите локации во Општината. Во еко акциите, како и денес покрај крупната механизација, редовно ќе учествуваат и сите вработени во организацијата.
Исто така, ЈП Камена Река упатува апел до граѓаните на општина Македонска Каменица за заеднички придонес кон зачувувањето на чистата животна средина и поголема одговорност на граѓаните при одржувањето на јавната чистота во заедницата.