НАГРАДНА ИГРА од ЈП „Камена Река“ за домаќинствата кои редовно плаќаат комунални такси

НАГРАДНА ИГРА од ЈП „Камена Река“ за домаќинствата кои редовно плаќаат комунални такси

Ј.П ,,Камена Река” со известување до граѓаните на општина Македонска Каменица дека и годинава ја организира традиционална НАГРАДНА ИГРА за сите свои корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса. Во наградната игра ќе учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2020 година и тоа најдоцна до 31.01.2020 година.

Главни награди од ЈП Камена Река за редовните плаќачи на услуги се:

  • Прва награда…………….. ТЕЛЕВИЗОР
  • Втора награда……………. ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА
  • Трета награда……………. ТОСТЕР

Доделувањето на наградите ќе се изврши на 19.02.2021 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот со влечење на ливче со шифра.

Шифрите ќе бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка.
Затоа ги покануваме сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2020, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето и заеднички да ја споделиме среќата со среќните добитници.

Kamena Reka