Извлечени добитниците во Наградната игра на ЈП Камена Река за редовни плаќачи на комунални услуги и такси
Денес, во кругот на ЈП “Камена река” Македонска Каменица, со почеток од 12:00 часот беа извлечени среќните добитници во наградната игра за корисниците со редовно платена комуналната такса.
Годинава, најсреќни се следниве корисници:
Прва награда, Телевизор – Давор Стојковски
Втора награда, Шестмесечна претплата – Мирјана Антовска
Трета награда, Тостер – Владо Николовски
ЈП Камена Река традиционално ја организира оваа Наградна игра, во која учествуваат сите домаќинства редовни плаќачи на комунални такси и услуги од општина Македонска Каменица. Во денешниот барабан за извекување беа талоните со шифри од домаќинствата кои ги имаат платено сите сметки со декември 2020 година, заклучно до 31.01.2021 година.