САНИРАН ДЕФЕКТОТ СО ХИДРАНТНАТА ЛИНИЈА ВО „БАМБИ“
екипи на ЈП Камена Река го санираа дефектот на хидрантската линија во дворот на ЈОУДГ “Бамби” во Македонска Каменица.
Со ова, повторно е воспоставено нормално функционирање на хидрантната линија и овозможено е користење на истата за потребите на детската градинка.
