Денеска е извлекувањето на наградите од Наградната игра за корисници кои редовно плаќаат комунални услуги и такси на ЈП Камена Река

Денеска е извлекувањето на наградите од Наградната игра за корисници кои редовно плаќаат комунални услуги и такси на ЈП Камена Река

Наградна игра за граѓаните кои редовно ги плаќаат комуналните услуги

Со реализацијата на Наградната игра, и годинава, продолжуваме да ги стимулираме корисниците редовно да ја плаќаат комуналната такса.

Право на учество во наградната игра имаат сите корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса за месец декември 2022 година, најдоцна до 15 февруари о.г.

-Доделувањето на наградите ќе се изврши денеска, 23 февруари со почеток од 12:00 часот, во кругот на Јавното претпијатие. Секој корисник ќе биде регистриран со шифри, кои се исти со шифрите кои ги имаат корисниците на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија шифра ќе биде извлечена, следува добивка.

Годинава, главни награди за најсреќите корисници од ЈП Камена Река се телевизор, правосмукалка и шестмесечна претплата.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани и корисници на услугите на ЈП Камена Река да го проследат извлекувањето во кругот на претпријатието.

admin 4135