Започна цветното уредување на Македонска Каменица
Вработените во Ј.П ,,Камена Река ” денеска цветно и хортикултурно го уредуваа влезот на општина Македонска Каменица и паркот кај народниот херој ,, Вера Јоциќ”. Беа засадени околу 400 љубичици во најразлични бои произведено во расадникот на Ј.П ,,Камена Река” се со цел цветно – декоративно разубавување на зелените површини во општина Македонска Каменица.