Интензивни активности за решавање на проблемите од канализационата мрежа во Македонска Каменица

Интензивни активности за решавање на проблемите од канализационата мрежа во Македонска Каменица

Вчера и денес вработените во Ј.П. Камена Река активно работеа на отпушување на канализационата мрежа и подигање на две шахти на површинска висина. Проблемите со канализационата мрежа, денес целосно се надминати по дводневните интензивни активности на вработените во ЈП Камена Река.

Оваа прилика ја користиме повторно да упатиме порака до граѓаните на општина Македонска Каменица кои несовесно ја користат канализационата мрежа:

Ги замолуваме сите несовесни граѓани на општина Македонска Каменица да престанат со фрлање на тврди и тешко разградливи предмети, „влошки“ и „влажни марамчиња“ во одводните канализациони системи, со што значително ќе се намалат проблемите со запушувањето на истата. Оваа порака е директно упатена до несовесните корисници на канализациониот систем, бидејќи поради нивната негрижа последиците ги носат сите граѓани и создаваат револт и нервоза кај останатите граѓани од настанатите проблеми кои понекогаш, за жал потешко се решаваат.

Канализациониот систем е многу важен дел од секојдневниот живот на граѓаните и претставува показател за урбаниот развој на Општината.

G BR