ДЕМАНТ од ЈП Камена Река во врска со лажните написи објавени на социјалните мрежи
ЈП Камена Река – Македонска Каменица најостро ги деманатира изнесените невистини на официјалниот фејсбук налог на ОК ВМРО ДПМНЕ во Македонска Каменица. Истите написи ги отфла како целосно неточни, неосновани и лажни.
Најодговорно тврдиме дека вработените во ЈП Камена Река во ниту еден случај немаат извршувано работни задачи надвор од пропишаните и нивните законски доделени работни обврски.
Ваквиот начин на информирање на јавноста од страна на опозицијата е тенденциозен, навредлив и веќе препознаен од граѓаните. Пренесувањето на лажни информации целосно е во спротивност со етиката и почитувањето на личниот интегритет на сите граѓани на општина Македонска Каменица.
Следствено на наведеното, а во врска на ублажување на штетата, очекуваме да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на текстот кои содржат клевета,навреда и го повредуваат угледот, пред се на вработените во ЈП Камена Река, како и истовремено да го тргнете предметниот текст од вашиот фејсбук налог.
Со почит,
ЈП Камена Река
Македонска Каменица