ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од утре продолжува летната сезона на градскиот базен во Македонска Каменица

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од утре продолжува летната сезона на градскиот базен во Македонска Каменица

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица и регионот дека, од утре недела 21. 07 2019 година, градскиот базен ќе продолжи со работа. Изминатите неколку денови, со неповолни дневни температури за капење беа искористени, за доуредување на просторот и подобрување на условите за престој на капачите и посетителите.

Градскиот базен ќе биде отворен за посетители од 10:00 часот до 18:00 часот. Влезницата за еднодневна посета на базенот останува со иста цена од 30 денари, односно 60 денари со можност за користење на лежалка и чадор од сонце.

G BR