Јавен оглас на ЈП Камена Река за ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Јавен оглас на ЈП Камена Река за ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

ЈП ,,Камена Река,, М. Каменица  објавува:

Јавен оглас за 

ПРАКТИКАНСКА РАБОТА

За ангажирање на 2(двајца) практиканти за следните работни места:

  • работник автомеханичар –  1 (еден извршител и
  • работник обработувач на метал/ заварувач – 1 (еден извршител

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да не е во работен однос;
  • да не е е постар од 34 години и
  • да има завршено најмалку основно образование.

Времетраење на практиканската работа:

се предвидува времетраење на практинската работа до 3 (три) месеци

 од 30.07.2019 година

               За успешно извршената практична работа практикантите ќе добијат :

  • Потврда за изведена практиканска работа и
  • Надоместок за практиканска работа

Распоред на работно време:

  • Работни денови: понеделник- петок
  • Работни часови неделно: 40 часа
  • Работно време: 07:00 до 15:00 часот

Напомена: 

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат образец за аплицирање (кратка биографија) на следната електронска адреса : jpkamenareka@jpkamenareka.mk , или во архивата на ЈП Камена река М.Каменица, или по пошта на следната адреса ЈП Камена река М.Каменица, ул.,,Рударска ,, бр.7, М.Каменица,  во рок од три дена од објавата на огласот или најдоцна до 29.07.2019 година во 15:00 часот.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ЈП „Камена река М.Каменица во термин кој дополнително ќе биде утврден на кој ќе добијат детален опис на активностите кои ќе им бидат доверени како и процедурите кои ќе треба да ги следат.Ненавремени и некомплетни апликации нема да се разгледуваат. Јавниот оглас трае 3 (три) работни дена и започнува да тече со денот на објавувањето.Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена.

Контакт број 033 432 694.

                                                   

             

  

                                                                                              ЈП ,,Камена Река,, М. Каменица

 

G BR